А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Време: Облачно со повремени врнежи од дожд

by А1он15/01/2013 - 08:33238
Share0

Времето во Македонија ќе биде облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла, ниска облачност и намалена видливост. Ќе има и повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд и снег, особено во ноќните часови.

Добивај вести на вибер

Пообилни ќе бидат врнежите во западните делови на земјава, но кон крајот на денот интензитетот на врнежите насекаде ќе се засилува. Ќе продолжи да дува умерен, а во одделни делови особено во централниот дел и во долниот тек на Повардарието како и во Пелагонија, засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, а во попладневните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Променливото време ќе продолжи и во наредните денови.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен