Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во југоисточните делови претежно облачно и постудено со слаб локален дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од еден до седум степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.
Како што информира УХМР, утрово во седум часот најстудено беше во Маврово, -7 степени, во Берово се измерени -5, во Лазарополе -4, во Тетово, Крушево, Претор и Дебар -3, во Скопје Петровец, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Тетово -2, во Куманово и Охрид -1, во Скопје – Зајчев Рид и Прилеп нула, во Виница еден, во Демир Капија два, во Штип и Дојран три, додека во Гевгелија и Струмица четири степени.
Висината на снежната покривка била 48 сантиметри Маврови Анови, 35 Лазарополе и 19 Крушево.