Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од седум до 18 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.
Утре ќе има сончеви периоди и ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневните температури ќе има од недела.