Времето во Македонија денеска ќе биде облачно. Ќе има поројни врнежи од дожд наместа проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат изразени во источните и југоисточните делови на земјава и тоа во претпладневните и пладневните часови. Кон крајот на денот би требало да има извесно намалување на облачноста и врнежите ќе престануваат.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе дистигне до 13 степени.
Поради топлото време и интензивните врнежи од дожд на повисоките планини ќе има забрзано топење на снежната покривка. В среда ќе има повремени и послаби локални врнежи од дожд, на планините поради заладувањето врнежите ќе бидат од снег.