Во Скопје претпладнево е променливо облачно со повремен дожд и слаб западен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степен.
Слично време со можна појава на грмежи ќе преовладува и во западните и северните делови од земјава. Ќе дува умерен, а во западните делови претежно засилен ветер од западен правец.
Во останатите делови од државата ќе биде сончево со умерена облачност. Температурата ќе се движи од 25 до 33 степени.