Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време и ќедува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи, врнежите ќе продолжат и во сабота, особено во претпладневните часови, но со послаб интензитет. Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела температурите ќе се движат од девет до 14 степени, а кон почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.