Време: Облачно, повремен локалeн дожд, на планините снег

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно и постудено, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а во четврток повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Утринската температура во наредните денови на места ќе биде негативна. Во среда дневната температура ќе се движи од четири до девет, а во четврток од четири до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска