Времето во Македонија ќе биде облачно. Во крајниот северозападен и крајниот југоисточен дел од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе има и засилување на ветерот кој ќе биде од југозападен правец, а особено изразен ветер ќе има на повисоките места и на планините.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
До сабота претпладне се уште ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата, а и намалување на облачноста во наредните денови.