Време: Облачно и малку посвежо

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде пооблачно и малку посвежо. Пооблачно ќе биде во западните и северните делови од земјава каде ќе има и локален краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има пониска вредност поради зголемената облачност и ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во почетокот на наредната недела ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски