Време: Дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд којшто локално ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер. Нестабилноста повторно се очекува да биде најизразена во југоисточните делови каде локално денес и утре ќе наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до седум, и со дневна до 14 степени.

Во следните три дена времето ќе биде променливо облачно, ќе има и локални врнежи од дожд но со послаб интензитет, а преку денот ќе има и сончеви периоди. Температурата ќе биде без поголеми промени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски