Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд особено претпладне. Попладне постепено врнежите ќе ослабуваат. Ќе дува слаб, а претпладне во западните делови умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе остигне 12 степени.