ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Од:

Вреди изразува најискрено добредојде и благодарност до сите оние експоненти на Алијансата за Албанците кои, во важни моменти за иднината на Албанците во Северна Македонија, избраа достоинствено да застанат таму каде што им е местото: рамо до рамо со граѓаните и дел од проектот за промени, велат од партијата.

– Оваа нивна одлука не е само политички став, туку е чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација во кој заедно започнавме. Во време кога личните интереси и пазарењето зад затворени врати се обидуваа да ја деформираат волјата на 107.000 албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи.
Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, раководители на ограноци, раководители на младински форуми и женски форуми, активисти од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени.

Вистинската Алијанса за Албанците, која се роди од потребата за фер и достоинствено претставување на Албанците, денес се наоѓа таму каде што природно припаѓа, заедно со ВЛЕН и граѓаните кои веруваат во промени.

Оваа нова соработка не е само политичко усогласување. Тоа е сојуз на енергии, вредности и посветеност кон подобра иднина за сите. Тој е доказ дека ништо не може да го спречи проектот што извира од срцето на граѓанинот и кој има за цел еднаквост, правда и достоинство за секој Албанец, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците