Вработените во приватниот сектор се жалат на корупција во градежништвото и трговијата

Од:

Вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата, покажало истражувањето спроведено од агенцијата Рејтинг во сработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

– Според истражувањето како најчеста форма на корупција или неетичко однесување се користат политичките или бизнис врските за добивање државни тендери или бизнис од страна на државата, изјави Никола Спасов од Рејтинг пред одржувањето на јавната дебата за резултатите од истражувањето за тоа како граѓаните гледаат на корупцијата во приватниот сектор и квалитативната анализа за превентивните мерки.

Најголем дел од испитаниците на прашањето „дали е зголемено или намалена корупцијата“, одговориле дека релативно бавно се менуваат работите на ова поле.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција(ДКСК), Ѓорѓи Сламков изјави дека резултатите од овие анализи претставуваат дополнителна мерка за поддршка на активностите утврдени во делот на приватниот сектор на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015, како и можност да се дефинираат идните активности за спречување на корупцијата во оваа област.

– Од резултатите ќе треба да бидат извлечени низа заклучоци, за мерките и активностите за оваа програма, значи да бидат утврдени некои нови насоки во кој правец понатаму да се продолжи. Потребно е да постои поостра казнена политика за изрекување мерки во некои кривични дела. Сметам дека конфискацијата треба да биде изрекувана повеќе како мерка од страна на нашите судови, особено проширената конфискација. Кога на некој ќе му ги земете материјалните дела стекнати со кривично дело, тогаш ќе се зајакне и борбата со корупцијата, рече Сламков.

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска