Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, се „покрил“ со 5.000 службени евра

Од:

23-годишен скопјанец вработен во обложувалница во Лисиче доби кривична пријава откако со клуч извадил пари од апарати за видео лотарија (ВЛТ) и ги вложил во самите апарати. Откако не го посакала среќата, тој се „покрил“ со 5.000 евра што повторно ги извадил од апаратите, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, како вработен во спортска обложувалница во населба Лисиче во Скопје, за време на неговата смена, со клучевите кои му биле доверени ги отклучил касите од трите ВЛТ апарати на игри на среќа и од нив ги извадил паричните средства и ги вложил во апаратите. Откако немал никаква добивка, пријавениот ги отворил апаратите и одзел 297.320 денари,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе