Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Од:

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети Николе пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра.

-Имено, на 18.03.2026 вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог, соопштуваат од СВР-Штип.

Посочуваат и дека на 27.03.2026 се извршиле девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање од нејзината фирма, по што биле известени од фирмата од Италија дека комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка во Португалија.

Од СВР-Штип велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Горан Наумовски

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Тетовка измами маж, го излажа дека е бремена и му зема 18.000 евра

Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси

Измама во Битола: Зеле пари и злато за лажна операција

Горан Наумовски

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски