(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Здруженија за заштита на животни: Масовни труења и отстрел на животни низ Македонија

Од:

„Невистинити податоци, дополнителна паника кои само го продлабочуваат проблемот – страотни се вестите дека и вчера е гризнато четиригодишно дете од куче, без при тоа да се провери веста и утврди реалната состојба – дека детето, во миг кога не го чувал никој, влегло во туѓ двор (дворот на соседите) и се приближило до врзаното соседско куче (куче чувар) и на тој начин било нападнато. Прашуваме, кој е тука крив?

Минатата седмица се случи страотна загуба, од напад на кучиња кои имаа сопственик е нападнато и усмртено дете. Потресени сме и длабоко жалиме, како што жали целата Македонија.

Ние, здруженијата за заштита на животни Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World (Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје), Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ), искажуваме дополнителна загриженост што по страотната несреќа при што четири годишно дете беше жртва од напад на кучиња со сопственик, граѓаните масовно ни пријавуваат труења на бездомни животни, дури и нивно застрелување. На застрелување и хајка врз сите бездомни кучиња јавно повика и пејачот Наум Петрески, кој за својот примитивизам, говор на омраза, поттикнување насилство ќе добие кривична тужба. Истиов ден кога повика на одстрел со пушка се убиени две бездомни кучиња – мајка и нејзиното кутре.

Во однос на труењата расфрлан е високораздорен, смртоносен отров на секаде, во бројни градови и села во Република Македонија. Расфрлан е отров кој, при само вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камо ли дете. Отровот во храна е фрлан на високофрекфентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки.
Труењата се истовремени во повеќе градови и села што укажува дека се институционално синхрозирани и реализирани. Денес до нас стигна оваа снимка на која се снимени 2 лица како фрлаат отров, со кој убија повеќе маалски животни. Знаеме дека зад ова постои план и организација и се сомневаме во општините.

ФАТЕНИ ТРУЈАЧИ НА ДЕЛО.ТРУЕЊАТА СЕ ОРГАНИЗИРАНИ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ФАТЕНИ 2 ЛИЦА КОИ РАСФРЛААТ ОТРОВ

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Сабота, 25 март 2017

Да не се злоупотребуваат лични трагедии и несреќи за да се убиваат животните и покријат некомпетентноста, незаинтересираноста, одговорноста на институциите кои ја имаат во однос на проблемот со бездомните кучиња!
Податоците укажуваат дека 9 од 10 угризи од кучиња, се од кучиња со сопственик, а не од бездомни ! (доказ статистички податоци). Апелираме до институциите, медиумите, јавноста за разумност и итна примена на адекватни, ефикасни мерки за намалување на бројката бездомни животни, мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на населението – масовна стерилизација на животните, а никако убивање зошто на испразнета локација секогаш доаѓа ново куче (репродуктивно способно, непознато на населението, неадаптирано) и не постојат изгледи да се стигне природната прогресија дури хипотетички кога би се убиле речиси сите .

Укажуваме со години, укажуваме пак!

– Се додека не се исконтролира изворот на бездомните животни – а тоа е неодговорното сопствеништво, непречено размножување, напуштање на улица – ние немаме никакви изгледи да ја надминеме оваа декадна состојба во која се наоѓаме, не делуваме врз причинителот на проблемот – само го времено ги сокриваме последиците, се вртиме во круг, вакви несреќи ќе се мултиплициераат, случуват и понатаму.

– Се додека се толерира насилството врз животните, додека се правиме слепи за борби на животни кои се организираат во Македонија на секој чекор и за кои полицијата има сознанија но одбира да молчи или соучествува, ние ќе се соочуваме со траумирани животни, животни кои не знаат за друго освен да напаѓаат за да се бранат.

– Се додека се толерира слободната купопродажба и масовното расфрлање на отрови, животот/здравјето на секое живо битие, вклучително луѓето и децата е на есктремно висок ризик!

Институционалната инертност, незаинтересираност, неподготвеност правилно да се пристапи кон надминување на овој проблем ја има примарната одговорност за ваквите случувања и за севкупната состојба во Република Македонија!

БАРАМЕ:

1) Да се прекине со сите непотребни, нехумани и скапи кампањи за убивање на животните и да се применува исклучиво методата на масовна стерилизација на кучињата, нивна вакцинација и трајно обележување, на национално ниво; Знајте – стерилизирано куче има избалансиран хормонален статус, не е раздразливо ниту агресивно (нема мали да ги брани, ниту нагон за парење), обележано е и ја чува локацијата од наезда на други кучиња!
2) Да се создаде јавна и единствена база на податоци од домашни миленици; да се спроведе идентификација и регистрација на животните со сопственик;
3) Да се поттикнува кастрација и стерилизација на домашните миленици преку оданочување за некастриран миленик и субвенционирање на кастрацијата и стерилизацијата од страна на општината/државата.
4) Да се излезе со програма која ке ги опфати и ќе им помогне на сопствениците на миленици во руралните и приградски средини ( овие кучиња најчесто во поголем дел од денот лутаат слободно) каде достапност на ветеринарни услуги и грижа е дефицитарна, со мобилни вет. екипи за кастрација.
5) Задолжително да се воспостави соработка со здруженијата за заштита на животни кои се неизбежно потребни и на нив да се гледа како на активни партнери на институциите надлежни за проблемот со бездомни кучиња.
6) Да се регулира и најстрого да се казнува злоупотребата на кучиња во борби и создаде регистар на лица кои организирале / учествувале во борби на животни.
7) Имајќи ја во предвид длабочината на овој проблем во Република Македонија, предлагаме и воведување на забрана за непречено размножување на домашни животни и применлив систем на санкции во случај на неодговорно сопствеништво.
8) Полиција или посебна служба за заштита на животните, која нема да постои само фигуративно, туку ќе постапува на дело и превенира/евидентира/ казнува насилници и насилство врз животните“, се вели во реакцијата на осум здруженија за заштита на животни во РМ.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО