Возило удрило во пешак на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со возилото управувало 29-годишно лице од Скопје.
Жената (69) во која удрило возилото со тешки телесни повреди била пренесена во ургентниот центар.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.