Возачите минуваат на среќа: 26 дена нема сигнализација на најфрекфентниот железничкиот премин во Хиподром

Од:

Сигнализацијата на пругата на патниот правец од населбата Хиподром кон Трубарево не е во функција речиси еден месец поради сообраќајна несреќа, а возачите на патничките и товарните возила, како и машиновозачите се оставени сами на себе на внимаваат на најфрекфентниот патничко-железнички премин во Македонија.

По реакциите на граѓаните во последните две недели, Општина Гази Баба испратила допис до ЈП Железници Инфраструктура за да побара објаснување за случајот, а оттаму одговориле дека машиновозачите биле известени дека е потребно са превземаат мерки за безбедно одвивање на сообраќајот.

„Сигнализацијата не е во функција поради сообраќајна несреќа која се случила на 05.10.2023 година од која настрадала бетонската куќичка во која била опремата за функционирање на патниот превоз и истата била уништена, а за целиот овој период моторовозачите биле известени дека е потребно да превземаат мерки за безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжени се при приближување до патниот премин да застане, да го обезбеди и да продолжи со возење на возот“, објасни градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски додавајќи дека сериозна е загриженоста по безбедноста на граѓаните.

Тој ги повика граѓаните на голема претпазливост при преминувањето на посочената локација, а денес ќе испрати допис со нагласување за итно постапување до Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица