Вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје, имало и пукање

Од:

Половина час по пладне во Капиштец била ограбена експозитура на банка. Веќе три часа, центарот на Скопје е преплавен со полиција, се запираат и претресуваат возила, а засилени контроли има и низ повеќе споредни улици. Во вооружениот грабеж, бил испукан и куршум.

„Пријавено е дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум“, велат од МВР за „А1он“.

Не се знае точната сума на пари која е одземена во грабежот. Повредени лица нема. Според информации на „А1он“ веднаш е започнато и со проверка на сите снимки од камерите за видео надзор.

Од МВР додаваат: „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“