Вонредните инспекциски надзори не констатирале загадување во Гази Баба

Од:

Државниот инсекторат за животна средина по добиените дојави и информации за испуштање на емисии во воздух во општина Гази Баба изврши неколку вонредни инспекциски надзори при што не констатира загадување.

– При извршениот инспекциски надзор во правниот субјект Макстил АД Скопје на 15 август е констатирано дека погонот Челичарница е ставен во производствен режим на 10 август. На барање на инспекторот презентирани се резултати од извршените мерења од нова, филтер постројка, како и од мерната станица поставена во кригот на детската градинка во населба Железара. Резултатите од измерените вредности на ПМ10 честички се во рамки на граничните вредности, соопшти Инспекторатот.

Дека нема видливи емисии во воздухот е констатирано и при визулениот надзор во кругот на поранешната Железара Скопје на 16 август.

На 20 август повторно е направен вонреден инспекциски надзор во кругот на поранешна железара при што се посетени сите инсталации кои подлежат под А интегрирана еколошка дозвола. Констатирано е дека Макстил АД Скопје не работи од 23:46 часот на 18 август. Побарано е да се приложат резултатите од дневните извештаи за амбиентален воздух од мерната станица во дворот на градинката за периодот од 1 август до 20 август годинава и е констатирано во записник дека за тој период нема надминување на дозволената концентрација на ПМ10.

– Дента согласно добиен и информации за испуштање на емисии во воздухот направен е вонреден инспекциски надзор во инсталацијата на субјектот Рад-Ком Скопје за топење набакар,лиење и производство набакарна жица при што не сенајдени траги однод работње напечката во последно време. Одговорното лице изјавило дека инсталацијата воопшто не е пуштена во производство со исклучок на 2014 година при постапката за добивање А-ИСКЗ дозволата, посочуваат од Инспекторатот.

Посетени биле и останатите правни субјекти кои подлежат под А-интегрирана еколошка дозвола при што било констатирано дека во моментот не работеле асфалтните бази на Улици и патишта и Бауер БГ ДОО Скопје, Скопски легури не работи од 2008 година, а работеле Елем енергетика, Технички гасови и Арцелор Митал, но не биле забележани видливи емисии во воздухот.

Единствено Инспекторатот констатирал зголемени емисии во воздухот на 11 мај годинава кога беше пријавен пожар во Макстил АД Скопје во погонот Челичарница во делот за старо железо. Пожарот настанал на 10 мај во 21:20 часот, а бил изгаснат на 11 мај во 22:00 часот. За овој настан на Макстил АД Скопје му е изречена прекршочна мерка со одлука за плаќање глоба во износ од 2.700 евра, која се намалува за 50 отсто доколку се плати во законскиот рок.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Убиство пред Поликлиниката Железара во Скопје: Доктор избоден со нож

Орце Костов

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он