30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Од:

Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда.

Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расветлено убиството на Ацо Трповски. Според обвинителството, постои основано сомнение дека 65-годишен маж го сторил кривичното дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата 59-годишна сопруга е осомничена за помагање при извршувањето на делото.

Според истрагата, осомничената претходно договорила средба со жртвата на паркинг во Автокоманда. Кратко време по влегивањето во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот со кого почнал вербално да се расправа. Во еден момент осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото, од кои оштетениот починат.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката „Железара“, каде што го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот по што двајцата заминале.

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери