Волонтери избркани од охридскиот вакцинален пункт од сопственик на портал: Филипче се оградува

Од:

Црвениот крст во Охрид обвинува дека волонтери пратени да помагаат при масовната вакцинација се избркани од вакциналниот пункт од Сашо Денесоски кој е сопственик на охридски портал, а себеси се претставува како координатор на процесот за вакцинацијата. Денесоски, пак, негира дека ги избркал, туку на еден волонтер му кажал да си оди зошто немаат потреба од него. Во објавата на Црвен крст-Охрид, тој е претставен како координатор на спроведување на масовната вакцинација во градот. Волонтерите ја напуштиле салата, иако претходно биле повикани да помагаат од директорката на Здравствен дом-Охрид.

„За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуваат вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19“, стои во објавата на Црвен крст-Охрид.

Оттаму додаваат дека волонтерите остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација во градот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека Денесоски не е координатор поставен од Министерството за здравство, туку лицето Сања Саздовска. Сашо Денесоски, пак, вели дека тој е ангажиран од Министерство за здравство и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.

„Во вакциналниот пункт работат лица вработени во Општина Охрид, од Центарот за јавно здравје и Општа болница од Охрид. Додека се правеше вакциналниот пункт, никој од Црвен крст не се појави да праша дали треба нешто да помогнат околу изградбата, буквално ништо. Претседател на Црвен крст е Сашо Точков. Сакал денес да испрати волонтери бидејќи му биле потребни за сликање за ангажираност на Црвен крст-Охрид, за да учествува на проекти. На барање на Општина Охрид, Министерството за здравство и Владата до мене, ‘СОС Балкан медиа’, невладина организација за лица со посебни потреби од Охрид, го опреми целиот пункт со свои спонзори. Извршивме опремување на целиот пункт. Не се избркани волонтерите, дојде едно волонтерче, му кажав дека нема потреба да се мачи, бидејќи немаме ангажирано екипи на Црвен крст“, рече Денесоски.

Денесоски вели дека опремувањето на вакциналниот пункт чинело 800 илјади евра, а се било платено до него, односно „СОС Балкан медиа“.

„Општина Охрид има 0 денари трошок, Министерство за здравство 0 денари трошок, Здравствен дом 0 денари трошок, Општа болница 0 денари трошок. Се што гледате е од ‘СОС Балкан медиа’“, додава Денесоски.

Пред повеќе од година, против Денесоски беше поднесена и пријава од вработени во Општина Охрид. Тогаш, тие тврдеа дека тој им се заканувал, ги навредувал, загрозувајќи ја нивната безбедност. По неколку месеци од овој настан, полицијата го приведе Денесоски, поради како што кажаа, омаловажување на полицајци, за кои потоа тој тврдеше дека го нападнале.

Би можело да ве интересира

Возило заврши во ендек на влезот од Охрид, по обид за претекнувaње

Кристијан Ландов

Вакцинација во дворецот на Дракула: Медицински сестри на туристите бесплатно им нудат „Фајзер“

А1он

Владата го поддржува рушењето на дивоградбите на охридското крајбрежје

Жарко Настоски

Жената која беше пронајдена во Охрид имала прострелна рана, се вештачи оружјето и се испитуваат ДНК-трагите

Кристијан Ландов

Се урива од Метропол до Пештани, дивоградбите повторно на мета

Кристијан Ландов

Црвен крст-Охрид го демантира Денесоски: Ниту сме барале, ниту сме наплатиле пари од Охрид за волонтерска служба

Ландов