Денесовски: Од страна на полицаец бев удрен со метална палка и ми беше скршен телефонот

Од:

Сопственикот на порталот „Охрид скај“, Сашо Денесовски ја побива верзијата на полицијата која во дневниот билтен објави дека тој неовластено снимал и омаловажувал полицајци. Тој вели дека поднел пријава до МВР и Одделот за внатрешна контрола, но и до ОБСЕ и Хелсиншки комитет, во која тврди дека бил нападнат од полициски службеник во момент кога излегол на снимање, извршувајќи ги своите работни задачи. Според него, нанесени му биле тешки телесни повреди, откако, бил удрен од полициски службеник со метална палка, но, тврди и дека искршен му бил телефонот.

„Се упативме на полицискиот пункт, бидејќи претходно имавме поплаки дека полициски службеници казнуваат граѓани кој се возат во автомобил, а истите се од една фамилија. Кога стигнавме на пунктот излеговме со колешката уредно се претставивме на полицискиот службеник Велибор Балоски и упативме прашање по кој закон изрекуваат глоби за фамилијарни лица кој се возат во возило. Од страна на полицискиот службеник Велибор Баловски, подло бев удрен со метална стоп палка со шилестиот дел на десната рака на десниот рачен зглоб и петиот прст при што ми беше скршен мобилниот телефон марка самсунг C9 сопственост на новинарската агенција ‘ОхридСкај’ и ми беше нанесена тешка телесна повреда на петиот прст на десната шака“, тврди Денесовски.

Според неговото образложение, кога се упатил кон полициската станица за да пријави дека бил попречен при вршење на новинарска дејност, бил сопрен од полицаецот кој претходно го удрил со палка.

„Полицискиот службеник Велибор ја отвори десната врата од возилото и насилно ме извлече од возилото, ме легна на патот и му издаде наредба на мојата вработена да продолжи да го движи возилото. Мене ми кажа дека од тој момент сум приведен, ме смести во полициското возило и бев спроведен во ПС Охрид за наводно нивно омаловажување и упатување погрдни зборови спрема нив како и за наводно покажување на пенис и за неовластено снимање?! Редакцијата овластено снимаше според закон за информирање притоа водејќи се од основното начело, според закон за информирање да не се гледаат ликовите на припадниците на безбедносните сили, додека мавање со метални предмети и кршење на прст на новинари претставува тешко кривично дело-насилство, со нанесување ТТП ,за што барам МВР да поднесе соодветна пријава против својот припадник Велибор Балоски, а секако ќе бараме во судска постапка надохнада за нанесената ТТП, кршење на материјални добра – мобилен телефон и свирепо однесување и мавање со метален предмет, свесно да нанесе што поголема повреда“, додава Денесоски.

Тој тврди дека полицијата не дозволила да се повика лекарска помош иако имал болки, истовремено, не му било дозволено да телефонира со семејството, ниту со неговиот адвокат. Денескоски бара полицаецот да биде санкциониран за неговото однесување од страна на МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски