ВИДЕО: Војска пристигна во „Охис“ по излевањето на високотоксична хемикалија

Од:

Две возила на армијата пристигнаа во фабриката „Охис“ откако беше пријавено дека високотоксична материја се излеала од една од цистерните. Станува збор за Единицата за атомска биолошка и хемиска одбрана, која била повикана како асистенција на полицијата.

Официјално, се уште изостануваат било какви информации за тоа за каква хемикалија станува збор и какви евентуални штети можат да настанат.

Никој од надлежните од „Охис“ не излезе со поконкретна информација за тоа што се случило, а и од МВР и од Министерството за животна средина велат дека се работи на утврдување на фактичката состојба, па дури потоа ќе излезат со детални информации.

Случајот со излевањето на високотоксичната материја бил пријавен од страна на граѓани, кои се пожалиле на главоболки, печење во грлото и непријатна миризба што се ширела од фабриката.

Засега, се знае единствено дека станувало збор за хемикалија која се користела за производство на детергенти.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп