Во Зрновци почна да се гради детска градинка

Од:

Во општина Зрновци почна да се гради планираната детска градинка којашто ќе биде лоцирана на влезот во населбата покрај патот кон Кочани.

Изградбата е од особена важност за жителите од оваа рурална општина бидејќи ваков објект нема во општината, а најодалечената детска градинка е десетина километри во Кочани. Градинката ќе ја користат жителите на трите населени места Зрновци, Мородвис и Видовиште.

– На новата детска градинка инвеститор е општината Зрновци. Таа ќе се протега на површина од 400 метри квадратни, ќе обезбеди сместување на 80 деца и ќе располага со три занимални, јасли и останатите потребни простории. Изведувач на работите е компанијата „Актива“ ДОО од Штип и таа се очекува да биде готова до мај 2017 година, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Финансиските средства во вредност од 230 илјади евра за изградба на градинката, општината ги обезбеди од ИПА програмата на ЕУ преку МСИП канцеларијата на Министерството за финансии.

Според Станков, Министерството за труд и социјална политика се обврза целосно да ја опреми градинката со потребните реквизити и опрема за нормален престој на децата.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска