Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој е осуден на 9 години затворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци.
Судијката рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР кои всушност се пари на даночните обврзници.
ВО ЖИВО: Судот ја соопштува одлуката по барањето за притвор на Поповски
ВО ЖИВО: Судот ја соопштува одлуката по барањето за притвор на Поповски
Posted by A1on.mk on Вторник, 22 мај 2018
„Министерството исплатило 318. 050. 292 денари, односно 27.894.522 денари повеќе од збирот на економски најповолните понуди за набавка на возила. Со ова е нанесена е штета на МВР од големи размери или поточно од 27. 894. 522 денари“, рече судијката.
„И во разговорите се слуша како и самата Гордана Јанкулоска вели дека направиле фитна и дека на некој му дале по 10, на некој по 20 возила“, рече судијката, читајќи ја пресудата.
Васко Маглешов