ВИДЕО: 9 години затвор за Ѓоко Поповски

Од:

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на 9 години затворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Судијката рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР кои всушност се пари на даночните обврзници.

„Министерството исплатило 318. 050. 292 денари односно 27.894.522 денари повеќе од збирот на економски најповолните понуди за набавка на возила. Со ова е нанесена е штета на МВР од големи размери или поточно од 27. 894. 522 денари“, рече судијката.

„И во разговорите се слуша како и самата Гордана Јанкулоска вели дека направиле фитна и дека на некој му дале по 10, на некој по 20 возила“, рече судијката, читајќи ја пресудата.

Поповски претходно се изјасни дека не е виновен и дека очекува оослободителна пресуда. Тој се осуден за злоупотреба на службената положба и овластување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов