15:19 – ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на прес-конференција ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници.
14:16 – Оставката на Заев во фокусот на српските медиуми
Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција.
14:13 – Дејан Митески на чело на Советот на Општина Аеродром
Митески, како што соопшти Општина Аеродром, порача дека ќе се залага Советот да игра конструктивна улога во работата на Општината, со цел да придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните. – Ќе работам транспарентно, одговорно и чесно со единствена цел – просперитет на Општина Аеродром што им го должиме на нашите граѓани, изјави Митески.
Француските медиуми потсетуваат дека на овие избори, чиј втор круг се одржа оваа недела, СДСМ го загуби главниот град Скопје и повеќето поголеми градови и урбани центри во земјата, откако во 2017 година освои повеќе од половина од 80-те општини во Северна Македонија.
12:34 – Арсовска и Јовановска едниствените жени на градоначалнички позиции
Данела Арсовска и Жаклина Јовановска се единствените жени кои ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје.
12:20 – Мицевски: Ја чекаме оставката на Заев, ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство
Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се уште е фејсбук оставка, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.
11:35 – До Собранието не е стигната оставката на Заев
Од Собранието информираат и дека премиерот Зоран Заев се уште на ја доставил оставката до законодавниот дом. На денешната координатива средба кај Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.
10:57 – Албанските медиуми за оставката на премиерот Заев
Најчесто насловите на информациите се „По поразот на локалните избори Заев поднесе оставка од премиер и лидер на СДСМ“, „Катастрофален пораз на локалните избори, Заев поднесе оставка“, „По оставката на Заев паѓа целата влада“…
10:04 – Грчките медиуми за оставката на Заев
Поголемиот дел го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека во вчерашниот втор круг од локалните избори „партијата на Зоран Заев претрпе голем пораз“ и додава дека „големиот победник на локалните избори беше десничарската опозиција ВМРО-ДПМНЕ“.
09:05 – Бугарските медиуми за оставката на премиерот Зоран Заев
Вториот круг од локалните избори во Северна Македонија е главна тема во бугарските печатени изданија и електронски медиуми.
08:16 – Оставката на премиерот значи оставка на целата Влада
Согласно членот 93 од Уставот, пак, Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието. Владата има право да поднесе оставка, а оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
07:53 – Во вториот круг избрани градоначалници во 43 општини и Град Скопје
Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово, и независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески
07:48 – ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за вториот круг од локалните избори
Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји.
00:30 – ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг
Државната изборна комисија ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.
00:29 – Даштевски: Успешно завршија изборите, први со електронско гласање
Успешно завршија изборите, први со електронско гласање, изјави на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, оценувајќи ги како едни од најтешките во поновата историја на државата.
31 Октомври
22:46 – Во 21 општина заврши броењето на гласовите
Во 21 општина целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021.
22:31 – Заев поднесе оставка од премиер и претседател на СДСМ
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва изјави дека поднесува оставка од премиерската функција и претседателската функција во СДСМ.
22:29 – Шилегов: Честитки до Арсовска, ние ќе бидеме и понатаму тука за Скопје
Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ѝ честита на Арсовска за изборот.
22:27 – Мицкоски бара оставка од Заев: Тоа е она што го очекува македонскиот народ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од премиерот Зоран Заев да се повлече и да даде оставка.
22:16 – Мицкоски прогласи победа: Опозициски блок ќе донесе промена и на следните парламентарни избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Тој кажа дека не треба да се заборави поткупот, насилното однесување, заканите и уцените, кои според него, ги имало.
22:03 – Герасимовски од СДСМ прогласи победа во Центар
Горан Герасимовски од СДСМ прогласи победа во Центар. Според неговите податоци, тој има 2000 гласа повеќе од неговата противкандидатка Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ.
21:53 – Арсовска прогласи победа: Сега имаме шанса Скопје да го направиме град на среќни луѓе
Независната кандидатка за Град Скопје, Данела Арсвоска прогласи победа во Скопје.
21:50 – Таравари прогласи победа во Гостивар
Актуелниот градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари прогласи победа во општината.
Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 55,85 проценти.
21:20 – Јакимовски прогласи победа во Карпош
Стевчо Јакимовски како кандидат од Гром, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош.
(ВИДЕО) Пецаков слави во Охрид: Ќе работам за сите
Илјадници поддржувачи на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ, излегоа на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот.
20:53 – Рамиз Мерко победи во Струга, противкандидатот призна пораз: Не успеавме
Рамиз Мерко го доби четвртиот градоначалнички мандат во Струга. Пораз призна неговиот противкандидат, Идри Истерфи од Алијанса на Албанците. Истрефи напиша: „Не успеавме“.
20:41 – Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово: Леле луѓе што направивме
„Леле луѓе што направивме“, со ваква поздравна порака, Максим Димитриевски почна да прославува победа во Куманово. Тој за победата објави на социјалните мрежи преку вклучување во живо од еден од неговите изборни штабови.
20:33 – ВМРО-ДПМНЕ брифира дека освоиле градоначалници во 12 градови
ВМРО-ДПМНЕ брифира дека според нивниот аналитички штаб, во вториот изборен круг освоиле власт во 12 градови.
20:31 – ДИК: Од обработени 20 проценти од гласовите, Данела Арсовска – 59,29, Петре Шилегов – 37,42 отсто
Од обработени околу 20 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,29 проценти.
20:27 – ДУИ: Вториот круг помина во мирна атмосфера, очекуваме силна поддршка за нашите кандидати
Вториот круг помина во мирна и фер атмосфера, истакна портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
20:25 – СДСМ: И покрај притисоците на ВМРО-ДПМНЕ, имавме успешен изборен ден
ВМРО-ДПМНЕ имаше обиди да ги дискредитира изборите, но сепак имавме успеше изборен ден, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, по завршувањето на вториот круг од локалните избори.
20:20 – Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков прогласи победа по вториот круг од локалните избори.
20:16 – Најмногу се пријавувало агитирање, изборен поткуп и закани, полицијата постапувала по 114 настани
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изборниот ден го оцени како фер и демократски, кој поминал во мирна атмосфера. Тој кажа дека не се регистрирани посериозни инциденти или поголеми нарушувања на изборите.
20:11 – ДИК: Данела Арсовска – 59,66 проценти, Петре Шилегов – 37,13
Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти.
20:06 – Бајрами: Релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес
„Она што можеме да го констатираме е дека во текот на овој изборен ден во вториот круг од локалните избори до Комисијата и до обвинителствата пристигнаа релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес“, изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами.
Одѕивот на гласањето до 18,30 часот е 48,88 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, на една минута по затворањето соопшти дека на девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за онолку време колку што траел прекинот утрово.
19:24 – ВМРО-ДПМНЕ обвинува за поткуп и уцени и очекува победа во Скопје и сите општини
Обвинувања за нерегуларности во текот на изборниот ден и за време на молкот упати Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката верува дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во вториот круг на изборите, одбрале поинаква и поубава иднина за сите.
17:33 – Одѕивот до 17 часот достигна 42,85 отсто, во Скопје најмногу гласачи излегле во Карпош – 47,05 отсто
До 17 часот на гласање во вториот круг од локалните избори во 44 општини и во град Скопје излегле 42,85 отсто од запишаните гласачи.
16:43 – МВР: Маж од Кочани на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа
Во Полициската станица Радовиш денеска било пријавено дека Г.К. од радовишко село излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.