СДСМ: И покрај притисоците на ВМРО-ДПМНЕ, имавме успешен изборен ден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ имаше обиди да ги дискредитира изборите, но сепак имавме успеше изборен ден, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

Од владејачката партија не ги споменаа првичните резултати од изборите, но изјавија дека за истите ќе има прес-конференции во текот на вечерта.

„Денеска се одржаа фер избори и не успеаја методите на ВМРО-ДПМНЕ да ги дискредитираат истите. Ѓорче Петров, Македонска Каменица се само дел од случаите каде што ВМРО-ДПМНЕ се обвиде да влијае на демократскиот процес“, рече Кузеска, оставајќи на надлежните органи да ги решат овие случаи.

„Им честитаме на граѓаните и на институциите за успешниот изборен ден“, рече Кузеска, најавувајќи нови јавувања во однос на резултатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он