ДИК: Од обработени околу 60 проценти од гласовите, Данела Арсовска – 55,85, Петре Шилегов – 40,60 отсто

Од:

Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 55,85 проценти.

Петре Шилегов од СДСМ има 40,60 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу 60 проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 53,61 процент, пред Беким Сали од АА/А со 41,16 процент, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 52,23 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 43,58 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 51,19 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,68 проценти и во Шуто Оризари Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 50,20 проценти пред Ферад Асан од СДСМ со 42,92 проценти.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски