Грчките медиуми за оставката на Заев

Од:

Оставката на Зоран Заев и од премиерската функција и од позицијата претседател на СДСМ, од доцна синоќа е меѓу главните вести во медиумите во Грција, кои ја пренесуваат информацијата, без дополнително да анализираат или коментираат.

„Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во Северна Македонија по оставката – „Не“ за предвремени избор“; „Северна Македонија: Зоран Заев си поднесе оставка“, се дел од насловите во грчките медиуми.

Поголемиот дел го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека во вчерашниот втор круг од локалните избори „партијата на Зоран Заев претрпе голем пораз“ и додава дека „големиот победник на локалните избори беше десничарската опозиција ВМРО-ДПМНЕ“.

-Оставката на Зоран Заев од премиерската функција, сепак не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Самиот Заев во изјавата за оставка повтори дека актуелната влада има уште две и пол години за да го заврши својот мандат и треба да продолжи со својата работа, пишува АНА-МПА.

Ги објаснува можните сценарија и додава дека „сигурно е дека од денеска Северна Македонија има Влада во оставка“.

Информативниот портал „Етнос“, исто така ја пренесува изјавата на Заев дека не се потребни предвремени избори, но пишува и што предвидува Уставот во случај на оставка на премиерот.

Дел од онлајн изданијата на медиумите, како и информативните портали, доцна синоќа веднаш по прес конференцијата на Заев, како вонредна вест, информираа за неговата оставка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Центарот за македонски јазик официјално регистриран во Грција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска