19:53 Демонстрантите поминаа покрај Министерството за правда.
19:45 Протестниот марш се движи кон Собранието.
19:40 „Миле, на гатачката и текна“, напишано на улицата пред Влада.
19:27 Повторно обоена Владата.
19:23 Софија Куновска вечерва го вози пикапот.
19:20 Демонстрантите пристигнаа пред Владата.
19:05 Демонстрантите се движат кон Владата.
18:50 Поранешната холандска амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини и денеска со поддршка на Шарената Револуција.
18:30 „Нашата уметност е бесплатна“, транспарент на денешниот протест на Шарената Револуција.
17:50 Ако не се борам, не постојам! #Протестирам има многу лица, #протестирам има многу чувствa. Ама #Протестирам има една желба – Слобода! Заедно сме додека не се исполнат нашите барања. Се додека не си заминат мафијашите. Нема да престанеме, нема да се поколебаме. Тука сме за нашите притворени соборци, викаме пароли во нивно име. Тука сме за оние што се уплашени – ги бодриме да се охрабрат. Но најмногу од се – на улиците сме затоа што тоа е нашата последна институција, нашиот сојузник во борбата за слобода. Ќе има правда, ќе има мир!