(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Од:

Чии ставови брани сега пратеникот Павле Богоевски, оние на Шарената револуција или на СДСМ, беше главната тема на разговор во интервјуто за „Макфакс“ каде тој зборуваше за актуелните теми поврзани со амнестијата, измените во Кривичниот законик, бегството на Никола Груевски, како и критиките од неговите „соборци“ од Шарената револуција.

Интервју со пратеникот Павле Богоевски за амнестијата и измените во Кривичниот законик

Интервју со пратеникот Павле Богоевски за амнестијата и измените во Кривичниот законик

Posted by A1on.mk on Четврток, 27 декември 2018

Богоевски беше еден од најгласните противници на амнестијата. Во повеќе наврати тврдеше дека амнестија за 27 април нема да има, но сепак гласаше за Законот за амнестија.

„Во моментот немав информации дека помирувањето ќе резултира со амнестија. Мојот став за 27 не е променет, мислам дека е срам тоа што е направено. Јас се извинувам, но ниту еден подинечен став, ниту една репутација не е вредна за да се помине во изолација“, вели тој и додава дека со пратеникот Крсто Мукоски не разговара, а со Сашо Василевски само се поздравуваат.

„Кога сфатив дека нема што друго да се направи за да се добијат 80 гласа за уставни промени, тогаш го променив ставот за амнестија“, вели тој.

Богоевски признава дека неговата репутација е нарушена, вели дека се кае што станал пратеник но дека мора да ги исполни обврските, додавајќи дека „политиката е валкана работа“.

Иако неговите соборци од Шарената револуција жестоко го критикуваат, тој вели дека се смета за легитимен претставник на Шарената револуција, а критиките од неговите соборци ги смета за нормални.

„Би бил разочаран ако тие имаат поинаков став од критичкиот“, вели Богоевски.

Тој не сака да разговара за бегството на експремиерот, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. На нашите прашања кратко одговараше дека ќе чека да заврши истрагата за да го каже својот став.

На прашањето дали како последица на разочарувањата што ги предизвика тој има намера да поднесе оставка, Богоевски е дециден дека такво нешто нема да се случи додека Македонија не се исправи на патот кон ЕУ и НАТО.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски