По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

Од:

Со проценета вредност од приближно 1800 евра без вклучен ДДВ, Јавното обвинителство на Бирото за јавни набавки објави тендер со кој бара фирма која ќе направи темелно стругање на фасадата за отстранување остатоци од впиена боја, за вкупна површина од 30 квадратни метри.

Во техничката спецификација на тендерот пишува дека фасадата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија кое се наоѓа на кејот на Вардар, е оштетена како резултат на фрлање балони наполнети со боја на протестот одржан на 31 мај 2016, за време на шарената револуција. Ако не се исчисти бојата, тогаш ќе се стругаат мермерните фасадни плочи.

Боите на зградата на Јавното обвинителство беа фрлени како знак на протест против апсењето на возачот на комбето од кое се пушташе музика за време на протестите н шарената револуција. Обвинителството со кое за време на ВМРО-ДПМНЕ раководеше Марко Зврлевски на протестите беше наречено режимско.

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ