20:07 Демонстрантите од Плоштадот тргнаа кон Собранието.
20:04 Боја во фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадот „Макдеонија“.
19:55 Шарената револуција помина покрај МИнистерството за правда.
#ШаренаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/zHCXxHwmyW
— Живче (@Zivce_Ivanova) June 1, 2016
19:45 Протестот се движи кон Плоштад.
19:35 Со чатали обоена оградата на Владата.
19:30 Повторно обоена Владата. Кога режимот ќе ни земе чатал ние се враќаме со два, велат демонстрантите од Шарената Револуција.
19:24 Искречена фасадата на Владата.
19:21 На Шарената револуција се приклучи и легедарната „Застава“.
19:20 Демонстрантите се пред Владата.
19:15 Колоната се движи по булеварот Климент Охридски.
19:03 Демонстрантите тргнаа кон Владата.
18:40 Се пишува банерот за вечерашниот протест.
Шарени сме убави слатки ко бонбони сме #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/CiXvX7Rwcq
— Аболиции за 50денари (@seirdotmk) June 1, 2016
18:30 Поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, Симоне Филипини се приклучи на протестот на Шарената Револуција во Скопје вечерва.
18:00 Граѓаните почнаа да се собираат пред СЈО.
Демонстрантите се собираат пред @S_J_O_ #ШаренатаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/shLiZ2RDNL
— META.mk (@meta_agency) June 1, 2016
17:45
Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата. Нашите другари, борци за човекови права, се’ уште се држат во притвор, а останати демонстранти се приведуваат и легитимираат. Но, тоа нема да не’ спречи и нема да ја намали одлучноста која секојдневно се гледа низ улиците. Како што не може да се уништи идеја, така не може да се угуши разбудениот граѓански револт. Промената за која се зборува е веќе тука, таа промена сме ние, освестените граѓанки и граѓани. Тука сме, остануваме на улица до целосно разрешување на кризата и ќе бидеме тука и при градењето на новите демократски вредности. Ќе има првда, ќе има мир! Се’ до тој ден, се гледаме на улица.