19:23 Демонстрантите истураат боја на улицата пред Собранието.
19:15 Протестниот марш поминува покрај Министерството за правда.
19:07 Лидија Димова го вози Пикапот.
19:02 Качени во камион учесниците во Шарената Револуција тргнаа кон Собранието.
18:53 Денеска и Пецко е со Шарената Револуција.
18:41 Се подготвува бојата и ваљаците за денешниот протест.
18:39 Груевски на суд, одбројуваме до СЛОБОДА!
18:30 Започна протестот пред СЈО. Граѓаните му оддаваат почит на починатиот Дарко Марковиќ.
17:50 Одбројуваме! Уште 8 дена до крајниот рок што го дадовме за исполнување на две од нашите барања!
Денес во 18:00 пред СЈО ќе повториме дека бараме итно:
1) ПРОИЗНЕСУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ СУД ПО УСТАВНОСТА НА СЈО, затоа што правдата и борбата против криминалот се уставни категории и не смеат повеќе да бидат под закана!
2) ЗАПИРАЊЕ НА ПРОГОНОТ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ, што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз слободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт.
Ќе ги повториме и останатите наши барања:
– Оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори;
– Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија;
– Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.
Но и ќе потсетиме дека #Протестирам е секоја форма на отпор и протест против автократскиот режим кој е длабоко навлезен во секоја пора на општеството и не’ опресира на секој можен начин. Формата на отпор ја креира секој од нас, на начин кој е најблизок до неа или до него, со излегување на улица, со посочување на неправда и нудење решенија, со трансформирање на културата на насилство во култура на меѓусебна поддршка и солидарност. #Протестирам не е само објава на фејсбук кога има протест или кога има блокада на улица, #Протестирам е состојба на умот и се отсликува во секој сегмент од нашиот живот.
Во моменот #Протестирам значи Шарена револуција. Ревoлуцијaтa е кoмплексен прoцес вo кoј aктивнo учествувaaт мнoгу чинители, стaри и нoви. Тaa имa свoјa динaмикa и инерцијa. Вoеднo учествoтo вo ревoлуцијa е мнoгу пoинaквo делувaње oткoлку сaмo oргснизирaње нa прoтест. Ревoлуцијaтa бaрa визијa зa пoнaтaму. Зaтoa ги пoвикивсме сите кoи извикувaaт #Прoтестирaм дa излезaт мaсoвнo, нo уште пoвеќе дa се вклучaт вo фoрмулирaњетo нa нoвaтa визијa зa Мaкедoнијa за каква се бориме. Тaa мoрa дa прoизлезе oд нaрoдoт!
Ќе има правда, ќе има мир!