Протест на Шарената револуција

Од:

21:45 Полицијата го опколи споменикот на Прометеј, има мали кошкања со демонстрантите.

21:23 Демонстрантите ја тргнаа заштитата од споменикот на Прометеј.

21:14 Се бои Собранието.

ClarQufXIAA88cu

21:11 Демонстрантите пристигнаа пред Собранието.

13499769_10209390741667240_1030333917_o

21:00 Протестот продолжува пред Собранието.

13509809_10209390676105601_36675222_o

20:55 Со камења се кршеа прозорците на Министерството за правда. Претходно се боеше со пумпи.

20:40 „Командосите“ на Шарената Револуција се подготвуваат да го бојат Министерството за правда.

13509832_10208227472577273_794944705_o

20:33 Протестниот марш се движи кон Собранието.

20:15 Демонстрантите бараат Уставниот суд да се изјасни за СЈО и формирање на специјално одделение во судот. Ова е последно предупредување од граѓаните кои протестираат.

13461059_10209390306616364_2092443835_o

19:56 Протестниот марш пристигна пред влада, се слуша песната „Во борба“.

19:45 Илјадници демонстранти се движат накај Влада.

13461006_10209390124611814_333401694_o

19:40 Битола не е на продажба.

ClaWXUzVEAA8eBJ

19:27 Голем број припадници на МВР позади Владата.

ClaS5TdWAAEzHSd

19:24 Транспарент „Слобода“ на протестот пред СЈО.

ClaSMDHWQAARYbi

19:15 Шарената револуција на Фејсбук објави совети за поголема безбедност во пресрет на вечерашниов протест.

13512075_1016399525104285_5601748617009346799_n-670x365

19:10 Илјадници луѓе се собраа пред СЈО и се уште пристигнуваат од сите страни.

13493762_10209389860085201_1674041512_o

19:04 „Никола, Никола, шутка не ти бега Никола!“, се извикува пред СЈО.

ClaNjbbWEAIoNkb

18:55 Лидерот на СДСМ Зоран Заев се приклучи на протестот на Шарената Револуција.

13493432_10208226770919732_832589519_o

18:50 „Вечерва во 19 часот ќе се собереме пред нашата тврдина, симболот на правдата – Специјалното јавно обвинителство! Ќе бидеме здружени, силни, одлучни и одговорни! Бараме граѓаните да бидат дел од решението на кризата и доаѓаме за да го осигураме нашето учество! Бараме криминалците да одговараат и ќе ги притиснеме институциите да покажат дека крадењето и угнетувањето не смее да бидат исплатливи дејности! Бараме преодна влада и не отстапуваме додека не се осигураме дека таа влада ќе обезбеди слободни избори и слободно гласање! Сограѓани од цела Македонија, се гледаме!“, се наведува во повикот објавен на страницата на Фејсбук Шарена револуција.

„Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава!“, порачаа активистите од Протестирам.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски