Во „Титаник 3“ назначен нов судија, следното рочиште на 15 март

Од:

Со назначување на нов судија во предметот, судијката Марија Клетичка, денеска повторно почна рочиштето за случајот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Имено, пред околу две недели судијката Оља Ристова, која го водеше случајот „Титаник 3“, побара изземање од предметот, што и беше одобрено од страна на претседателот на Кривичниот суд Скопје Иван Џолев.

Бидејќи постапката почнува од почеток, Клетничка побара од обвинителите, како и од обвинетите Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборни материјали, да ги изнесат нивните воведни зборови.

Инволвираните во процесот наведоа дека, бидејќи станува збор за веќе спроведена постапка, остануваат на тоа што го кажеле претходно, а е внесено во записник.

Аљими и Гури истакнаа дека не се чувствуваат виновни во однос на обвинението на СЈО.

Обвинителот Гаврил Бубевски побара да не се повикуваат повторно сведоците кои веќе биле ислушани, а нивните искази да бидат проследени преку видеата кои ги поседува судот, но Аљими и Гури одбија со образложение дека сведоците треба да бидат физички присутни со цел судечкиот совет да може правилно да проценува.

Обвинетите и нивните бранители денеска побараа целата документација од предметот „Титаник 3“ да биде преведена на албански јазик, наведувајќи дека тоа им е овозможено со Законот за јазици.

Следното рочите за „Титаник 3“ е закажано за 15 март.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска