Во Софија се одржува вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Од:

Денес во Софија се одржува вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, со која копретседаваат министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, известува МНР.

На состанокот се очекува да биде направен преглед на досегашните активности за унапредување на билатералните односи, работата на работните групи, како и проекција на идните активности меѓу двете земји, велат од МНР.

„По завршување на состанокот, се очекува потпишување на Протоколот кој воедно претставува записник од состанокот на Заедничката меѓувладина комисија.

Покрај Министерот Османи, како дел од Владината делегација на состанокот присуствуваат и Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Заедничката меѓувладина комисија е дел од обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете држави во 2017 година“, се наведува во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

Орце Костов

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Орце Костов

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

Орце Костов