А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Сити Мол Ромите непожелни во одделот за храна?

by А1он19/03/2013 - 17:3219/03/2013 - 17:431300
Share0

Фирмата Land Service која ја одржуваше хигиената во трговскиот центар Сити Мол во изминативе месеци, открива дека од раководството биле терани да ги отстранат сите работници од ромска националност од одделот за храна.

Добивај вести на вибер

Според протоколот за работа испратен по електронска пошта, а кој А1он го доби од фирмата која доби отказ без никакво образложение, Ромите не се добредојдени како работници во одделот за храна.

City Mall 01

Најдоцна до 20.01.2013 година поради многу причини за кои што дискутиравме, да се отстранат сите вработени во food court од ромска националност, пишува во мејлот испратен од Сити Mол до фирмата Land Service.

Сопствениците на Land Service за А1 он коментираат дека до пред два дена кога по мејл добиле порака дека пробниот период завршил и престанува нивната соработка велат дека сепак задржале работници од ромска националност. Тие се зачудени и прашуваат-дали требало работниците од ромска националност да ги ангажираат само за работа во тоалетите?

Од Сити Мол појаснија дека барањето било испратено поради тоа што имало многу кражби во одделот за храна и дека сепак ова е интерно прашање на трговскиот центар. Од таму за А1 кажаа дека имало поплаки и од одделот за храна и дека не се работи за никакво етикетирање кон никого.

Според Land Service тврдат дека во одделот за храна работеле работници од сите националности.

siti mol

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Граѓаните имаат право да протестираат, но пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“ не е правосилна, подлежи на проверки

А1он15/04/2022 - 13:5015/04/2022 - 13:50

Редици во „Сити Мол“, попустите поважни од мерките против коронавирусот

А1он27/11/2020 - 19:0227/11/2020 - 21:54

„Сити мол“ ги отвори вратите, граѓаните со заштитни маски навалија во дуќаните

Горјан Грнчаровски15/05/2020 - 12:1915/05/2020 - 12:20

ВИДЕО: Цветанка Ласкова и Лила Филиповска се придружија на хуманитарната акција во „Сити мол“

Наум Локоски26/12/2017 - 17:2726/12/2017 - 17:46

ВИДЕО: Хуманитарна акција во „Сити мол“, помогнете на социјално загрозени семејства

Наум Локоски23/12/2017 - 18:4923/12/2017 - 19:18

Невладиниот сектор повикува на бојкот на Скопје Сити Мол поради инцидентот со Ромите

Емир Латифовиќ26/03/2013 - 15:3527/03/2013 - 14:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен