Во прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација, следуваат кривични пријави

Од:

Во прилепско се запленети над 25 кубици дрва кои биле без соодветна документација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација. Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари