Во петок со жив ѕид ќе се брани ГТЦ

Од:

Во петок (14 јуни)  во 19 часот жителите на Скопје фатени за раце околу ГТЦ,  симболично ќе порачаат дека се против менувањето на изгледот на овој објект. Претходно ќе се потпишува петиција, а во целата иницијатива се вклучени архитекти, скулптори, публицисти, сликари.

Иницијативата потекнува од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија од каде посочуваат дека се оспорува правото на предложената интервенција, односно дека објектот е заштитен на одреден начин и низ ваков процес и на ваков начин не може да се менува и да се преобликува.

gtc-barok1

Од ААМ посочуваат дека секој објект може да претрпи промени, но мора да ги задржи своите карактеристики. Според Асоцијацијата, некому може и не му се допаѓа изгледот на ГТЦ, но сепак, се работи за почитување на основни начела. Не може спротивно на волјата на авторот Живко Поповски, објект од модерната да се преоблекува во барок стил, посочуваат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
П.П.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов