Во недела засилен северен ветер и повремен снег

Од:

Засилен северен ветер и повремени врнежи снег, најавува УХМР за викендот. Земјава ќе биде зафатена од влажен бран ноќта во сабота поради што во недела, преку ден, ќе дојде до наоблачување.

Долж Повардарието ќе врне и дожд и снег, а слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.

Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Утре времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималните утрински температури ќе се спуштат до -10, а максималните ќе достигнат девет степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски