Во МЗ Подстаница, во населба и село Драчево собрани 5 тони кабаст отпад

Од:

Минатата седмица Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 5 тони кабаст отпад и електронска опрема во МЗ Подстаница, во населба и село Драчево.

Покрај ова, на истите локации локалната самоуправа спроведе активности за целосно расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани. Средени се детските игралишта, а скастрени се и исушените гранки на дрвјата и грмушките, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Општината повторно апелира до граѓаните за совесно однесување, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

Акцијата за собирање на кабаст отпад ќе продолжи да се одвива оваа работна недела, во четврток и петок во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

Би можело да ве интересира

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Мртво бебе е донесено во поликлиниката „Драчево“

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски