„Штотуку ни стигна информација од посетители на зоолошката градина, дека мало коњче лежи болно, борејќи се за последен здив. Никој од вработените, ниту еден ветеринар не е кај него, нема никого да му помогне. Посетителка видно вознемирена не контактираше барајќи помош.
По коментари од други посетители дознаваме дека коњчето лежи во оваа положба од вчера – веројатно никој ни нема приметено што се случува со ова животно, или пак неговата благосостојба не претставува ничив приоритет. Итно апелираме до надлежните служби да биде превземена соодветна мерка, да биде пружена целосна ветеринарна помош од надлежен ветеринар, ако до сега веќе не е доцна.
Неприфатливо е и брутално да животните пред очи на посетителите умираат, од нив се заработуваат пари, а помош не добиваат и тогаш кога од таа помош и животот им зависи. Има ли зоо ветеринари, чувари, персонал?
Сите кои влегувате и се веселите на Зоо Скопје, или која било друга зоолошка знајте дека со секое купување влезница плаќате обезличување, заробеништво, негрижа, доживотно измачување, мизерија, трауми, смрт на животните“, велат од здружението за заштита на животни, Анима Мунди.