Во Маврово најмногу дожд – 84 литри на квадрат

Од:

Најмногу дожд во текот на изминатите 24 часа наврна во Маврово. Мерењата на УХМР покажуваат наврнат талог од 84 литри на метар квадаратен, во Крушево 62, Гевгелија 47, Лазарополе 46, Пожаране 37, Дојран 34, Битола 32, Тополчани 28, Скопје 26, Дебар 24, Тетово и Претор 19, Куманово 16, Ѓуриште 12, Демир Капија и Прилеп 11, Охрид 10, Струмица 9, Штип 6, Пожар и Виница 5, Крива Паланка и Берово 2 литра.

Во текот на  ноќта во Македонија преовладуваше облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите беа пообилни во западните и јужните делови. Дуваше слаб ветер од североисточен правец. Утринава повторно има врнежи од дожд речиси насекаде и се со слаб до умерен интензитет, а во западните делови се пообилни. Дува слаб ветер од североисточен правец, а во Прилепско повремено умерен.

До крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 22 степена.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски