Во Македонија денеска тропски ден. Ќе биде сончево и многу топло. Попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните и западните предели.
Ќе дува слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 38°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна ќе достигне до 36°C. УВ индекс 8.