Во Лесново летен камп за децата волонтери на Црвениот крст

Од:

Општинската организација на Црвениот крст во соработка со Општина Пробиштип и Советот на млади на Општина Пробиштип за првпат организираат летен камп за децата волонтери во селото Лесново, каде што се наоѓа познатиот и преубавиот Лесновски манастир.

Раководителот на Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) во Општина Пробиштип, Ирена Бошковска денеска информираше дека во рамките на летниот камп кој ќе се одржи од 16 до 18 јуни ќе учествуваат 40 деца волонтери на Општинските организации на Црвениот крст од општините Велес, Неготино, Пробиштип, Кочани, Свети Николе и Радовиш.

– Овој тродневен камп е со тематика лидерство, ќе биде од регионален карактер, на овој камп е планирано да дојдат деца од шест општини. Јас ќе бидам еден од предавачите, односно ќе ги запознаам децата со убавините на Лесново, со планинарството, со она што можат да го посетат таму. Овој камп за првпат го организираме, вели Бошковска.

Таа истакна дека покрај летниот камп за децата волонтери на општинските организации на Црвениот крст од шест општините во текот на месецов во Лесново ќе се одржи и познатата меѓународна ликовна колонија „Лесново“.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски