Во Лешок приведен осомничен дилер на марихуана

Од:

Полициски службеници во близина на бензиската пумпа во тетовското село Лешок синоќа го лишија од слобода 30-годишниот М.Ч. од село Непроштено, кај кого при преглед биле пронајдени четири пакувања марихуана.

– При преглед на неговото патничко возило „Опел Астра“, со тетовски регистарски ознаки, М.Ч. се обидел да избега. Во знак на предупредување од страна на полициски службеници во воздух биле испукани два проектила од пиштол, а тој набрзо бил фатен и приведен, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме