Од Центарот за управување со кризи велат дека во текот на вчерашниот ден и ноќта наврнале 9,5 литри дожд на квадратен метар.
Зголемен е водостојот на река Пчиња кај Доброшане, и за разлика од вчера има покачување на нивото на водата за 2 сантиметри. Опасност засега нема, а нови врнежи од дожд се очекуваат во среда.